[email protected] +389 76 790 380

Технологијата STERISAFE™ ќе го има своето прво меѓународно појавување

ВО СЛИКАТА: MEDICA
14 – 17 НОЕМВРИ 2016
ДИСЕЛДОРФ, ГЕРМАНИЈА
ПОСЕТЕТЕ НЕ ВО ДАНСКИОТ ПАВИЛЈОН
ХАЛА 16 / ШТАНД D41
STERISAFE™ – ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЦЕЛА СОБА БЕЗ ХЕМИКАЛИИ И ПОТРОШНИ МАТЕРИЈАЛИ НА СВЕТСКИОТ САЕМ MEDICA 2016
Технологијата STERISAFE™ ќе го има своето прво меѓународно појавување
STERISAFE™- технологијата за дезинфекција на цела соба ќе биде презентирана на најголемиот медицински саем во светотMEDICA 2016, од 14 до 17 ноември, во Диселдорф, Германија. INFUSERќе ги пречека своите бизнис партнери и заинтересирани страни во Хала 16/Штанд D41,која е дел од данскиот павилјон во рамки на оваа изложба.
Конфедерацијата на данската индустрија (DI.dk)заедно со HealthcareDenmark се заложија за промоција на најновите развојни достигнувања во здравството коишто доаѓаат од Данска. Оттука, конфедерацијата има важна улога за данските компании преку олеснување на слободната трговија на сите пазари и преку обезбедувањеинформации. Таа беше поддржувач и на Данскиот павилјон/Данската куќа на плажата Ипанема во Риоде Жанеиро за време на олимписките игри што се одржаа во август 2016 година.
INFUSERе избрана, врз основа на нејзината иновативна технологија и производ, да биде меѓу неколкуте компании наведени во официјалната брошура на трговскиот саем MEDICA 2016.Елиот Бут, менаџер на производ, во август 2016 година беше интервјуиран од организаторите на саемот. Тоа интервју ќе биде објавено во официјалната брошура. Однапред се радуваме да бидеме дел од оваа презентација.
ПОСЕТЕТЕ ЈА ВЕБ-СТРАНИЦАТА: WWW.STERISAFE.EU

Дополнително на тоа, одделот за односи со јавноста на MesseDüsseldorfорганизира новинарска тура ден пред официјалното отворање на саемот, на 13 ноември (недела). Во рамки на оваа тура, Елиот Бут ќе одговара на прашања од новинари во периодот од 11 до 14 часот.
Расте интересот за технологијата за дезинфекција и деконтаминација на INFUSER. Побарувачката доаѓа од разни и далечни региони, како на пример Австралија и Јужна Америка.
За MEDICA: водечки трговски саем во светот за медицинска индустрија. Во 2015 година, саемот го посетија вкупно 130.000 специјалисти од околу 120 земји. Голем број од посетителите се високо-позициониранидонесувачи на одлуки во здравствениот бизнис. Повеќе од 5.000 изложувачи од 70 земји ќе ги претстават своите решенија и понуди во ова поле водено од иновации.

Поврзани написи

НОМИНИРАН ЗА БИЗНИС НАГРАДАТА НА КОПЕНХАГЕН ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД

INFUSER е номиниран за бизнис наградата на Градот Копенхаген (Københavns Kommune Erhvervspris 2017) втора година по ред. Минатата година, градската […]

Дознајте повеќе

СИСТЕМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА NOXЗА СКЛАДОВИ НАТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА

СИСТЕМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА NOXЗА СКЛАДОВИ НАТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА Систем соDeNOx-обновувањена соларни централи За да се избалансира неактивноста на една соларна […]

Дознајте повеќе