[email protected] +389 76 790 380

За нас

БДД- СТЕРИ е првата компанија во Р. Македонија која користи нови солуции за
создавање на чист воздух во опкружувања оптоварени со инфекции, вируси,
габи и бактерии, во загадувачките индустрии и во урбаните центри. Нашите
иновативни технологии им овозможуваат на клиентите решенија за чист воздух
отелотворени како зелени технологии, во сите видови внатрешни средини од
различни големини.
Компанијата БДД- СТЕРИ има ексклузивна соработка со INFUSER чие седиште
се наоѓа во Данска. Тимот на INFUSER го сочинуваат интернационални
експерти и научници кои работат непосредно со академијата и индустријата, во
нивната база и лаборатории лоцирани во срцето на научниот град Копенхаген.
ЦелиНие сме компанија со висока општествена, социјална и етичка
одговорност. Нашата главна цел е да станеме лидер на македонскиот пазар во
обезбедување на услуги за деконтаминација на сите видови површини од
мулти-отпорни бактерии, габи и вируси, прочистување на воздухот и
елиминирање на лошиот мирис од индустриски и останати емисии.
Мисија – Нашата мисија е да обезбедиме зелени, одржливи, ефикасни и
иновативни решенија за стерилизација на секаков вид на простории,
капацитети и објекти, при тоа создавајќи позитивен придонес кон животната
средина.
ВизијаБДД- СТЕРИ има визија да овозможи за себе, своите клиенти,
партнери и останати соработници, почисто опкружување и почиста атмосфера,
како во сегашноста, така и во иднината.
Вредности – Ние работиме тимски, ја преземаме одговорноста за нашите
активности, ги спроведуваме нашите цели, ги испорачуваме нашите ветувања.
Се обврзуваме да одиме чекор понатаму во создавањето услуги кои ќе
креираат решенија на кои сите ние сме горди. Нашите производи и услуги им
помагаат на компаниите да профитираат на различни начини – од намалување
на бројот на вработени, намалување на инфекции и болести во контаминирани
простории, објекти или во урбани центри, отстранување на лоши мириси, до
елиминирање на неопходноста за затворање на одредени капацитети поради
неможност за исполнување на законските обврски во однос на исполнување на
одредени стандарди