[email protected] +389 76 790 380

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ЦЕЛА СОБА

STERISAFE™-Pro е достапна, безконтактна метода за деконтаминација на соби од патогени материи: вируси, бактерии и габи.
STERISAFE™-Pro извлекува чист кислород од атмосферскиот воздух. За време на процесот на деконтаминација и дезинфекција овој кислород се претвора во озон. Во контролирани услови, озонот е познат и високо-ефективенбиоцид.
STERISAFE™-Pro ги дезинфицира површините преку елиминација на микроорганизмите коишто се присутни на нив и ги отстранува нано-загадувачите во воздухот.

Циклусот на дезинфекција со полна длабочина (FDDC) го илустрира научното знаење зад оваа технологија.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦИКЛУСОТ НА ДЕЗИНФЕКЦИЈА СО ПОЛНА ДЛАБОЧИНА (FDDC) ЌЕ НАЈДЕТЕ НА: WWW.STERISAFE.EU
По генерацијата на гас и дезинфекцијата, STERISAFE™прави реверзија на процесот преку претворање на преостанатите оксиданти во чист кислород, и во исто време ги отстранува сите суспендирани честички. На тој начин, дезинфицираната просторија е целосно безбедна за влегување/користење.
STERISAFE™не остава никакви остатоци од соединенија и не налага употреба на други адитиви, освен вода.
• Дезинфекција на површини и на воздух
• Без хемикалии и нус производи
• Гасните параметрите постојано се следат, за да се обезбеди ефективна дезинфекција и ниво за безбедно влегување
• Троши само вода и електрична енергија
• Полна длабочина на целата соба: ги дезинфицира сите пукнатини и агли,без скриени површини
• Ефикасноста на производот е документирана од трети страни, т.е. независни лаборатории. ЕДИНСТВЕНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЦЕЛА СОБА КОЈА ГИ ОТСТРАНУВА ШТЕТНИТЕ НАНОЧЕСТИЧКИ.

Наночестички:
При оксидацијата на бактерии, вируси, полени и загадување во воздухот се создаваат нус производи, кои ги сочинуваат многу мали честички коишто можат да бидат потенцијално канцерогени. За разлика од другите решенија за дезинфекција на цела соба, STERISAFE™-Pro ги отстранува штетните честички заедно со другите остатоци кои остануваат во собата по фазата на деконтаминација.
ДОКУМЕНТИРАНО ОД ДАНСКИОТ ТЕХНОЛОШКИ ИНСТИТУТ
При тестирањата, вредностите на сите контроли и тестови за верификација покажаа вредности во рамките на основните граници.
Тест за организми Десеткратно намалување при 80 ppmза 1 час
Ешерихија коли ATCC 10536 ≥6,.22
Листерија моноцитогенес ATCC 15313 ≥7.70
Кандида албиканс ATCC 10231 3.65

Заклучок
Тестот беше направен со концентрација на озон од 80ppm за 1 час и 2 часа и 30 минути, соодветно, со STERISAFE™ pro to002 на INFUSERApS.
За двата вида бактерии, грам-негативнатаешерихија коли и грам-позитивнаталистерија, постигнато е 100.000-кратно намалување (≥ 5 log)за период на изложеност од 1 час.
За габата кандида албиканс постигнато е 10.000-кратно намалување (≥ 4 log)за период на наизложеност од 2 часа и 30 минути.
Озонот што го произведува STERISAFE™ proto002 на InfuserApSе соодветен за намалување на бактерии и габи при 80ppm со време на изложеност од 1 час во случај на бактерии, и со време на изложеност од 2 часа и 30 минутиво случај на габи.

КОНЦЕПТОТ STERISAFE™-Pro има моќен капацитет за оксидација и способност за убивање на патогените материи преку оксидирање на мембраните или обвивките на бактериите, вирусите и габите, што резултира во целосна деактивација на овие микроорганизми. Агенсот што се користи за оксидација е озон (O3), гас во природ на форма.
На вградениот генератор му треба само електрична енергија за да произведе озон од кислородот (O2) што се наоѓа во околниот воздух. Озонот природно се враќа во кислород по неговата реакција со патогените материи и другите загадувачи, и не остава никакви хемиски остатоци. Фазата на деконтаминација е забрзана преку вграден вентилатор кој го циркулира воздухот во собата и така шири озон и слаба водена магла, зголемувајќи го нивото на влажност за зајакната дезинфекција. Озонот циркулира низ целата соба, ги покрива сите изложени површини и навлегува во областите кои се тешкодостапни за рачно чистење.
Атмосферата во собата заситена со озон се одржува дефиниран временски период, во кој се уништуваат патогените микроорганизми на површините и во воздухот. Во исто време се намалуваат или целосно се елиминираат органските мирисни соединенија. Фазата на деконтаминација трае од 1 до 24 час, во зависност од големината на собата и посакуваното ниво на дезинфекција.
По фазата на деконтаминација, катализатор го неутрализира озонот. Системот на STERISAFE™-Proима уникатен патентиран систем кој ги отстранува сите суспендирани честички, вклучително и оние кои се потенцијално канцерогени.
Комбинацијата на овие два системи го прочистува воздухот, ги отстранува остатоците од гас и штетните нус производи, и дозволува влез во собата за кус период по завршувањето на деконтаминацијата.
Видете како роботот за дезинфекција STERISAFE™-Proспречува инфекции поврзани со здравјето (HAI).

За анализа на дифузијата/ширењето на невидливиот гас озон со STERISAFE™-Proбеа користени компјутеризирани симулации за динамика на течност.
STERISAFE™-Proе патентиран во Агенцијата за патенти и трговски марки на САД, под број US 9,233,182.

Related articles

АВТОМАТИЗИРАНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО БОЛНИЦА

MEDICA- СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА МЕДИЦИНА 13 – 16 НОЕМВРИ 2017 ДИСЕЛДОРФ, ГЕРМАНИЈА ПОСЕТЕТЕ НЕ: ХАЛА 16, ШТАНД D41 АВТОМАТИЗИРАНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА […]

Learn More

Технологијата STERISAFE™ ќе го има своето прво меѓународно појавување

ВО СЛИКАТА: MEDICA 14 – 17 НОЕМВРИ 2016 ДИСЕЛДОРФ, ГЕРМАНИЈА ПОСЕТЕТЕ НЕ ВО ДАНСКИОТ ПАВИЛЈОН ХАЛА 16 / ШТАНД D41 […]

Learn More

STERISAFE™-PRO Робот за дезинфекција на цела соба

STERISAFE АВТОМАТИЗИРАНИ СИСТЕМИ ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ЦИКЛУС ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА СО ПОЛНА ДЛАБОЧИНА (FDDC) ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА НАУКАТА ЗАД ТЕХНОЛОГИЈАТА За време на […]

Learn More