[email protected] +389 76 790 380

РОБОТ ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО БОЛНИЦИ

РОБОТ ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО БОЛНИЦИ
STERISAFE™-Proе робот за деконтаминација и дезинфекција без допир
Важноста на дезинфекцијата на површините од непосредната средина во болнички установи со пациенти произлегува од една значајна компонента на стратегијата за спечување болнички инфекции (HAI). Фокусот на дезинфекција на површините од непосредната средина се сменил од традиционални дезинфектанти на површини кон холистички системи за деконтаминација и дезинфекција кои наликуваат на роботи.
Сè поголем број научни докази сугерираат дека вкрстената контаминација со микроорганизми присутни на површините од непосредната средина (просторијата) може директно да се поврзе со инфекција на пациентите. Освен тоа, покажано е дека во одредени околности бактериите како што сеEscherichiacoliи Klebsiellaspp.продолжуваат да живеат повеќе од една година, додека габите како што е Candidaspp. може да опстојат во болниците и до неколку месеци.

ВО СЛИКАТА: STERISAFETMДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ЦЕЛА СОБА
ЦИКЛУС ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА СО ПОЛНА ДЛАБОЧИНА

Површините како што се страничниогради за кревети, масички над кревети, сталаци и пумпи за интравенозна течност, прекинувачи за светло, кваки и колички на тркалца, се само неколку примери за површини со „висока стапка на допир“ кои се идентификувани како најголем потенцијал за пренесување на патогени микроорганизми. Пациент кој престојува во соба каде претходно имало пациент со инфекција е подложен на висок ризик да ја добие истата инфекција поради колонизацијата на живите микроорганизми.
Студиите покажуваат дека помалку од 50% од површините во собите за пациенти се соодветно исчистени поради несоодветноста на традиционалните методи и постапки за чистење/дезинфекција. Поради брзината на циклусот и опфатот на површини, во здравствените установите сè повеќе се користат модерни, гасни технологии за деконтаминација на соба.
STERISAFE™е гасен, озонски (O3) технолошки робот без допир кој ги спасува и заштитува животите борејќи се со невидливите инфекции. Деконтаминирана соба во огромна мера го намалува ризикот од инфекции поврзани со здравствени институции (HAIs).Тој е достапен, високо технички метод за дезинфекција на соби, згради, мебел и друга опрема контаминирани со вируси, бактерии и бацили.
Примената на STERISAFE™ роботот за деконтаминација и дезинфекција на INFUSER(види видео) во институции со пациенти ќе резултира во подобрување на факторите на ефикасност, како што се:
• стапка на замена на болнички кревети
• просечна должина на болнички престој
• стапка на окупираност на болнички кревети
• вкупен обем на медицински услуги (број на амбулантни посети, отпуштање од болница и операции)
ВО СЛИКАТА:
ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА ПЕРСОНАЛОТ
ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБДНОСТ НА ПАЦИЕНТИ
БЕЗ ХЕМИКАЛИИ
ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЦЕЛА СОБА

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЦИКЛУСОТ ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА СО ПОЛНА ДЛАБОЧИНА НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА: WWW.STERISAFE.EU
INFUSERнуди флексибилни финансиски и ценовни модели („плати-по-секое-користење“) кои го олеснуваат вашиот готовински тек. Контактирајте не за повеќе информации околу достапните опции.
STERISAFE™ е пронајдок патентиран во Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД под бр. US 9,233,182.

Related articles

Технологијата STERISAFE™ ќе го има своето прво меѓународно појавување

ВО СЛИКАТА: MEDICA 14 – 17 НОЕМВРИ 2016 ДИСЕЛДОРФ, ГЕРМАНИЈА ПОСЕТЕТЕ НЕ ВО ДАНСКИОТ ПАВИЛЈОН ХАЛА 16 / ШТАНД D41 […]

Learn More

ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА ГАБИТЕ – КВАСНИИ МУВЛИ

ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА ГАБИТЕ – КВАСНИ МУВЛИ STERISAFE-Pro покажува ефикасно убивање на габите. Компаниите се стремат постојано да додаваат вредност […]

Learn More

ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ЦЕЛА СОБА

STERISAFE™-Pro е достапна, безконтактна метода за деконтаминација на соби од патогени материи: вируси, бактерии и габи. STERISAFE™-Pro извлекува чист кислород […]

Learn More