[email protected] +389 76 790 380

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА НА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

„SAFE-ROOOM“ќе ја зголеми безбедноста на храната во фабриките за суровински и прехранбени производи.
Нова година налага нови решенија. Во 2017 година, INFUSERќе започне технолошки развој на уникатниот и патентираниотциклус на дезинфекција со полна длабочина(FDDC),со фокус на безбедноста на храната во прехранбената индустрија. Иницијатива што се темели на постојани меѓународни барања од производителите на прехранбени производи и суровини, со буџет од околу 4 милиони дански крони(540.000 евра). Како еден од 20-те дански иновативни проекти, INFUSERе горд на доделувањето значајна финансиска поддршка од Фондот за развој на пазарот(Markedsmodningsfonden) заедно со специјализирана поддршка од данската компанија за инвестиции и развој CAPNOVA.
БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА: ЧИСТА ОД ПОЧВАТА ДО МАСАТА
Тоа е крајната цел на овој проект, кој ќе резултира со целосно автоматизирана единица за дезинфекција, која во моментов се води со работен наслов „SAFE-ROOOM“. Единицата ќе го прочистува воздухот и сите површини, преку примена на уникатната технологија FDDCна INFUSER, т.е. целосно автоматизирано модуларно решение за ефективна дезинфекција на цела соба.
Решението на INFUSERсе разликува од другите по тоа што ефективно ги елиминира микроорганизмите на одржлив и еколошки начин кој спречува бактериско труење со храна и повлекување на производи од пазарот. Повлекувањата од пазарот се скапи, и може да му наштетат на имиџот и брендот, па оттука на меѓународен план расте побарувачката за хигиенски фактори во производствените и преработувачките линии.
INFUSERима искуство во справување со штетни микроорганизми во другите сектори, вклучително и во здравствениот сектор, и оттука ние сме позитивни дека овој метод ќе биде применлив и во индустријата за храна и суровини, по натамошно развивање со научно знаење. Во следните неколку години INFUSERќе тестира и развива решение што ќе обезбеди веродостоен резултат, без штетни хемикалии и честички. Решение што ќе направи разлика за производителите на брза храна (како што се сендвичи и салати за малопродажба), сирења, месо, млечни производи, леб и слично.
ЗА SAFE-ROOOM:
SAFE-ROOOMима за цел да обезбеди ново и иновативно решение за подобрување на хигиената во прехранбената и суровинската индустрија. Тоа претставува нов начин за изведување дезинфекција на целасоба, нудејќи уникатна комбинација на придобивки коишто другите конкурентни решенија не можат да ги обезбедат, како што се:
• без човечка работа;
• целосно автоматизиран и следен процес;
• кратко време на третман;
• без хемикалии;
• без потрошни материјали и нус производи.
SAFE-ROOOMги решава патогените проблеми што се среќаваат во широк спектар на индустрии и локални средини, со примарен фокус на дезинфекција на воздухот и површините во прехранбената и суровинската индустрија. Тој ќе придонесе за зголемување на безбедноста на храната во корист на прехранбената индустрија, потрошувачите, општеството и животната средина.
НЕКОЛКУ ФАКТИ И БРОЈКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ХРАНАТА ВО ДАНСКА И ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Во годишниот извештајза зоонози од 2013 година, изготвен од Техничкиот универзитет во Данска, се наведува појава на 74 епидемии кои се пренесуваат преку храна. Тие влијаеле на вкупно 2.066 лица. Во 2014 година, RASFF (Системот за брзо алармирање за храна и сточна храна основан од Европската комисија) пребројал девет повлекувања на производи поради контаминација со патогени микроорганизми во Данска и 72 повлекувања во Европа.
Освен тоа, во 2014 година во Данска починале 12 лица поради контаминација со бактеријата листерија присутна во колбаси (rullepølse), со страшни последици за прехранбената индустрија и за Данска.Постојаните предизвици во ова поле покажуваат дека и покрај важечките постапки за чистење, контаминацијата на храна е реалност и потребни се нови решенија за да се подобри безбедноста на храната.

НОСИТЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
Chr. Hansen A/S
Frankly Juice A/S
Metropolitan University College
University of Copenhagen, Biofilm Test Facility

Надворешни линкови:

Capnova: INFUSER modtager 1.5 million kroner fraMarkedsmodningsfonden
The Market Development Fund: Markedsmodningsfondenuddeler 44 mio. kr. til innovative forretningsideer
Food Quality News: INFUSER and partners to scale-up disinfection technology, January 2017