[email protected] +389 76 790 380

STERISAFE PRO во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје

На наше огромно задоволство, ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје го препозна потенцијалното влијание што STERISAFE PRO може да го има во овие тешки времиња и без двоумење реши превентивно да ја примени оваа напредна *FDDC технологија во една од нивните најфрекфентни сали.

Под надзор на стручниот тим на ГАК, процесот на стерилизација се одвиваше во сала со големина од околу 160m3, каде што беа сместени сите предмети и апарати што вообичаено се користат кога салата е во употреба. Целосната деконтаминација траеше 3 часа и салата беше подготвена за употреба веднаш по завршување на процесот.

* FDDC – Full Depth Disinfection Cycle технологијата на STERISAFE користи озон за да го деконтаминира воздухот и површините од бактерии, вируси и габи. По завршувањето на деконтаминацијата, STERISAFE го преобразува озонот во кислород, ги отстранува преостанатите честички во воздухот, а просторијата останува стерилизирана и безбедна за употреба.

Со ова превентивно пуштање на STERISAFE PRO во салите на ГАК, ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје ја покажа својата огромна посветеност и одговорност во осигурување на здрава и безбедна средина на оние на кои што им е најпотребно – новороденчињата, нивните мајки и секако сите останати пациенти и медицинскиот персонал.

Слични активности

Министерството за одбрана може веднаш да го искористи роботот STERISAFE PRO за дезинфекција на клучните области

Благодарение на STERISAFE PRO, полските територијални одбранбени сили – Wojska Obrony Terytorialnej, успешно ги дезинфицираа и стерилизираа просториите во болници […]

Дознајте повеќе

Дезинфекција и стерилизација на стоматолошка ординација – ПЗУ Доктор Бабамова – Скопје

Во време кога безбедноста во стоматолошките ординации претставува главна закана по здравјето и ги одложува дури и најитните интервенции, ПЗУ […]

Дознајте повеќе

CHILLIN’ BAR – Многу сериозен пристап од многу опуштен бар!

Како што беше побарано од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), сопствениците на угостителски објекти да спроведат дезинфекција и чистење на […]

Дознајте повеќе