СИСТЕМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА NOXЗА СКЛАДОВИ НАТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА
Систем соDeNOx-обновувањена соларни централи
За да се избалансира неактивноста на една соларна централа, кога денот е дождлив или кога сонцето ќе зајде, на различни локации се инсталира систем за складирање термална енергија. Енергијата на сонцето може да се складира созагревање растопени соли ставени во резервоарот за складирање, по што со турбини се произведува електрична енергија. Оваа технологија овозможува удвојување на часовите на производство на енергија и помага во планирањето на производството на електрична енергија однапред.
Негативната страна на технологијата се големите емисии на азотни оксиди како нус производ (NOx), коисе многу штетни за животната средина. INFUSERнуди решение на овој проблем со технолошки процес за обнова на азотни оксиди (NOx). DeNOx-обновувањетоима повеќе предности:
• >98% отстранување наазотни оксиди (NOx)
• обновување на солта
• без хемиски отпад
• без испуштање штетни соединенија во атмосферата
• механизам за репликација на природната атмосфера
Во 2016 година, INFUSERќе ја инсталира најголемата соларна централа во Латинска Америка, во Чиле, како своето прво решение за DeNOx-обновувањево светот.
Забелешка:Проектот е одложен за неодредено време.
DeNOx-обновувањетое комплетно еколошки процес на обновување, поделен во четири чекори:
1. Систем за ладење
Гасовите што се емитираат од резервоарот за складирање се ладат со цел да постигне прифатлива температура за претстојниот процес.
2. Фото-оксидација
Во гасната фаза, азотните оксиди (NOx)се оксидираатпреку комбинација на УВлампи и озон.
3. Чистач
Азотните оксиди (NOx)се фаќаат и се неутрализираат преку контакт со раствор за чистење.
4. Кристализација
Во водата, неутрализиранитеазотни оксиди (NOx)се кристализираат во сол што потоа може да се обнови или повторно да се продава.