[email protected] +389 76 790 380

НОМИНИРАН ЗА БИЗНИС НАГРАДАТА НА КОПЕНХАГЕН ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД

INFUSER е номиниран за бизнис наградата на Градот Копенхаген (Københavns Kommune Erhvervspris 2017) втора година по ред.
Минатата година, градската власт во Копенхаген воведе нова традиција за доделување награда на компаниите кои прават уникатна разлика за локалните и глобалните заедници.INFUSERја доби наградата за иновација во 2016 година – а оваа година повторно сме почестени со втора последователна номинација за истата награда. На 7 јуни 2017 година, 13 дански компании со различна големина и деловна активност ќе се кандидираат за награда во 3 категории: „Иновација“, „Атрактивен град“ и „Еколошка и корпоративна општествена одговорност“. Победниците ќе добијат бизнис награда, како и место во бизнис совет на Градот Копенхаген од каде ќе можат да влијаат врз и да ги насочуваат политиките на градската власт. Градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен, ги пофали номинираните компании за нивниот придонес во одржливоста, вработеноста, и креативноста. Сите три категории се применливи за нашите деловни аспирации, а ние сме задоволни што сме номинирана за наградата за иновација.
Целосниот список на номинирани компании погледнете го на веб-страницата на Градот Копенхаген.
ЗОШТО INFUSERЕ НОМИНИРАН ЗА НАГРАДАТА ЗА ИНОВАЦИЈА ЗА 2017 ГОДИНА?
Бидејќи ние се посветивме на спасување животи со нашиот пионерски пронајдок – STERISAFETM Pro кој се базира на технологија со циклус за дезинфекција со полна длабочина(FDDC). STERISAFETM-Proе безбедно, ефективно, лесно и одржливо решение за спречување и елиминирање на инфекции што се добиваат во здравствени институции (HAI). Овие инфекции обично остануваат во средините каде има голема интеракција меѓу луѓе, на пр., болници, операциони сали, старечки домови, (дневни) центри и слично. STERISAFETM- Proправи биолошка дезинфекција на воздухот и на сите површини со тоа што ги убива бактериите, вирусите и штетните габи, а истовремено ги отстранува опасните честички. Без потрошни материјали и без штетни хемикалии – само ефективен циклус за полна дезинфекција.
Секоја година, околу 100.000 Данци (8-10% од оние кои се хоспитализирани) добиваат инфекција за време на нивниот болнички престој. Од нив умираат околу 3.000 луѓе. На европско ниво, повеќе од 4 милиони пациенти добиваат инфекција поврзана со здравствени институции, со резултат од 37.000 смртни случаи. Овие бројки се неприфатливи, и тие се многу поскапи од она што едно општество или една економија може да поднесе. Од тие причини, INFUSERе одлучен да ја спречи, контролира и минимизира појавата на инфекции добиени во здравствени институции еднаш за секогаш.

Поврзани написи

ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА ГАБИТЕ – КВАСНИИ МУВЛИ

ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ НА ГАБИТЕ – КВАСНИ МУВЛИ STERISAFE-Pro покажува ефикасно убивање на габите. Компаниите се стремат постојано да додаваат вредност […]

Дознајте повеќе

АВТОМАТИЗИРАНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО БОЛНИЦА

MEDICA- СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА МЕДИЦИНА 13 – 16 НОЕМВРИ 2017 ДИСЕЛДОРФ, ГЕРМАНИЈА ПОСЕТЕТЕ НЕ: ХАЛА 16, ШТАНД D41 АВТОМАТИЗИРАНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА […]

Дознајте повеќе

РОБОТ ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО БОЛНИЦИ

РОБОТ ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА И ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО БОЛНИЦИ STERISAFE™-Proе робот за деконтаминација и дезинфекција без допир Важноста на дезинфекцијата на површините […]

Дознајте повеќе